Ќе се градат станбени и семејни куќи

Bez autora
Feb 10 2014

Општината Велес менува дел од генералниот урбанистички план (ГУП). Од локалната самоуправа велат дека со промените ќе биде опфатена површина од над 203 хектари. Целта на промената на урбанистичкиот план е изградба на станбени згради, семејни куќи и проширување на зелениот појас. Со овој зафат ќе биде опфатен просторот од Касарната Алексо Демниевски Бауман" до Филтерната станица и населбата Превалец. Станбени згради се предвидуваат да бидат изградени на земјиштето кое сега го користи комуналното претпријатие Дервен". На местото на гаражите и работилниците, ќе има колективни згради, а место ќе има и за семејни куќи.

Ќе се градат станбени и семејни куќиОпштината Велес менува дел од генералниот урбанистички план (ГУП). Од локалната самоуправа велат дека со промените ќе биде опфатена површина од над 203 хектари.

Целта на промената на урбанистичкиот план е изградба на станбени згради, семејни куќи и проширување на зелениот појас. Со овој зафат ќе биде опфатен просторот од Касарната Алексо Демниевски Бауман" до Филтерната станица и населбата Превалец. Станбени згради се предвидуваат да бидат изградени на земјиштето кое сега го користи комуналното претпријатие Дервен". На местото на гаражите и работилниците, ќе има колективни згради, а место ќе има и за семејни куќи.

- Измената и дополнувањето на ГУП на овој дел од градот се однесува за плански опфат со површина од 23,79 ха. Овие измени се во насока на идниот просторен развој, со создавање услови за планирање на организирани локации. Инаку главна цел на измената е површините предвидени за комунални објекти да бидат искористени за објекти за домување-вели Александар Колев, претседател на Советот на општина Велес.

Со измената на ГУП се овозможува со уривање на постојните куќи да се изградат станбени комплекси, но најголем дел од површината е предвидена за домување.Инаку, дел од објектите на Министерство за одбрана, во касарната ќе се пренаменат во објекти за домување, а дел во станбени згради. По утврдувањето на овој зафат градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев истакна дека во Велес ќе бидат создадени услови за издавање на повеќе локации за изградба на станбени згради и индивидуални куќи за домување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik